Архиепископот Стефан ќе го положи Крстот во Охридско Езеро за Водици

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан ќе го изврши чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление. Оваа одлука е донесена вчера, иако претходно имаше најава дека за Водици во Охрид ќе служи Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф.

Сепак, според информациите на Религија.мк, организиаторите на Водици барале таму да биде Архиепископот Стефан, како историски настан од значење за овој празник.

Архиепископот Стефан ќе го положи Светиот крст во езерото кај Градското пристаниште во Охрид, пред традиционално голем број верници и оние што ќе влезат во студените езерски води.

Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари. Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи, но ќе има и сенародна веселба во организација на локалната самоуправа.

За добро празнично расположение на Водици се задолжени Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата „Де-Ен-Ка“, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“, додека за утредента кога се празнува Денот на рибарите за забава се ангажирани членови од охридскиот музички еснаф.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...