Вселенскиот патријарх му го честитал именденот на архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј испрати честитка за именденот на Архиепископот Стефан. Патријархот Вартоломеј писмото пишува дека испраќа срдечните поздрави и честитки на Вселенската Патријаршија и од негово лично име.

-За полнотата на православните, празниците се време за славословие на дародавецот Бог, Кој сè гледа. Истовремено, тие се прилика за општење и заедничарење во животот и во радоста, за духовно обновување и за егзистенцијално хранење. Вашиот именден дава повод да ги пофалиме: Вашата непоколеблива верност кон Светата Христова Велика Црква, ненамалениот интерес за богољубивото функционирање на црковните работи, и Вашата добра борба за христоподобното сведоштво во светот со благонаклонливо уво за знаците на времињата.

Во овој дух, молејќи Му се на нашиот Бог и Спасител Исус Христос да Ви дарува крепко здравје, неуморна сила и секој вишен благослов, за плодно продолжување, што подолго, на Вашата црковна служба, во слава на името на Оној Кој е над секое име, ве целиваме со свет целив и остануваме со исклучителна чест и со длабока љубов во Господа.

На многу години, Преосвештен брате!, пишува Вартоломеј во честитката.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img