ВИДЕО: Романците пееја македонски божикни песни за Божик

Date:

Share post:

Божикната песна ,,Три цареви од Персија”, запишана од Марко Цепенков беше дел од репертоарот на божикен концерт во Романија, традиционално посветен на романски и балкански песни. Концертот, емитуван во живо на романската национална телевизија за Божик на 25 декември 2024 година беше збогатен со оваа песна, која Романците ја преработиле, но ја отпејале на изворен македонски јазик.

,,Три цареви од Персија”, каланда, или божикна песна, пред неколку години ја возобнови Бигорската обител, а во Романија за овој Божик ја преработил, Ансамблот Флоралија. Вокално-инструменталниот ансамбл е еден од најпознатите во Романија од областа на религиозна музика. Функционира под диригентство на д-р Ирина Замфира Данила, а е основан во 2007 година. Во почетокот е како псалтик хор, под раководство на свештеникот Флорин Буческу, познат фолклорист, професор по псалтичка музика и познат романски специјалист по византиски студии.

Погледнете како звучи оваа вистинска македонска божикна песна во изведба на романскиот ансамбл.


Три цареви од Персија
(народна коледарска песна)
Три цареви од Персија појдоа,
водени од сјајна ѕвезда небесна
водени од сјајна ѕвезда Деница.
Ми дојдоа во град Витлем Јудејски,
го најдоа Исус Христос во ајатот.
Го најдоа Исус Христос во ајатот,
во прегратка на Мајка Му Марија.
И на Христос тие Му се поклонија,
темјан, злато и ливанто Му подарија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...