Бошњаковски во „Што има ново?“: Змеев работел за руските служби како агент на влијание

Date:

Share post:

Повод за разговорот со Миле Бошњаковски во втората епизода на шорткастот „Што има ново?“ на Институтот за медиуми и аналитика ИМА е неговата репортажа „Агент за влијание во Скопје“, објавена неодамна од Советот за етика во медиумите на Македонија.

Во репортажата се обработува случајот со рускиот архимандрит Васиан Змеев, којшто беше протеран од Северна Македонија во 2023 година, по двегодишно оперативно работење како агент на влијание во корист на Руската федерација и разузнавачки дејствија насочени кон Синодот на МПЦ. Бошњаковски за ИМА зборува за улогата на Змеев во земјава, но и во Бугарија, од каде исто така беше протеран минатата година бидејќи бил закана за националната безбедност.

„Змеев е утврдено дека работи за руски разузнавачки служби. Тоа е факт. Како агент на влијание во Скопје, во Македонија. Потоа е протеран и од Софија…бугарската служба кога го протерува Змеев, во таа црква којашто ја спомнуваме, наоѓа и многу техничка опрема којашто служи за прислушување“, вели Бошњаковски во „Што има ново?“.

Каква била улогата на рускиот Архимандрит Змеев? Дали неговите активности биле ограничени само на црковните прашања, или дејствувал и во руските операции за влијание против НАТО и ЕУ, но и кон спорот меѓу Бугарија и Македонија? Колкаво е влијанието на Русија во медиумите, но и во политиката во земјава и регионот? Што сака да постигне Русија со овие операции, и како да се спречи ова штетно влијание?

/zoom.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...