Рускиот патријарх Кирил се надмина себе си и погази се што може да биде христијанско учење и врендност, само да му се допадне што повеќе на рускиот претседател Владимир Путин. Последното од серијата скандалозни насатапи е поврзано со Благословување на нукеларното оружје. Кирил внесува тежок ерес во христијанската догма, твредеќо дека Христијаните не требало да се лашат и од војна и од смрт, ниту пак од нукеларното оржје. Соред него војната на Русија во Украина била свтеа и веројатно целта треба да ги оправда сите средства.
Во последната негова изјава вели дека нема потреба да се поттикнува страв за нуклеарното оружје бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот.
– Предавањето страв за можни апокалиптични сценарија, прекумерната алармност и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка. Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето затоа што полесно се манипулира со личност лишена од духовниот свет… Не треба да си играме со сето тоа бидејќи христијаните не се плашат од таканаречениот крај на светот. Го чекаме Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи – рече Кирил на пленарната седница на 26. Светско руско народно собрание.
Тој додаде дека тоа не значи дека треба да се седи со скрстени раце.
– Напротив, нашата земна мисија е да бидеме војници Господови, да се спротивставиме на злото и да ги браниме високите морални идеали. Тоа е целта во Русија – рече тој.
Кирил им се заблагодари на руските научници за развојот на, како што рече, „неверојатното оружје“.
Иако е врховен верски водач, московскиот патријарх често ги коментира политичките процеси во земјата со поддршка на политиката на Владимир Путин.