РПЦ смета дека Законот за работата на верските организации, донесен од Врховната Рада на Украина, е русофобски

Date:

Share post:

Ваквиот став на членовите на Синодот на РПЦ беше пренесен преку официјалното соопштение, лиферувано на 22 август 2024 година, два дена по донесувањето на   Законот за заштита на уставниот поредок во сферата на работата на верските организации.

Во соопштението се вели дека ваквиот Закон е антирелигиозен и дека е директно насочен против Украинската православна црква и дека тој цели кон ликвидација на УПЦ и на нејзините општини или нивно принудно префрлање во други верски организации.

„Стотици манастири, илјадници општини, милиони православни верници во Украина ќе се најдат надвор од законските рамки и го загубат својот имот и местата за молитва“, стои во соопштението.

Синодот на РПЦ напоменува дека досега повеќепати посочувал, воедно известувајќи ги за тоа и организациите на ОБСЕ, ООН, Советот на Европа како и Помесните православни цркви и светските верски заедници, за разните притисоци што се прават врз свештенството и верниот народ на УПЦ, како и за запленувањето на најголемите манастири на оваа Црква во Украина, лојална на Московската патријаршија, како и за присилно исселување на жителите на преземените светилишта.

Во соопштението се упатува и директно обвинение против Вселенскиот патријарх  за влошувањето на црковниот раскол во Украина, место за неговото надминување, поконкретно се посочува дека наводно постои негова поддршка за усвојувањето на споменатиот закон со кој се „распнува и уништува канонската Црква на Украина“ (се мисли на Украинската црква блиска до Москва).

Забелешка на Религија.мк. УПЦ-МП во општеството и институциите во Украина ја препознават како продолжена рака на руската асимилаторска политика во државата (УПЦ пред извесно време изјави дека се одделува од РПЦ и се прогласи како самостојна, но ова е сфатено во мнозинството на украинскиот народ и политичкиот естаблишмент како привидно и нереално). Секако, во соопштението на Руската црква не се посочуваат разните докази за колаборација и на антидржавна дејност на припадници на клирот на УПЦ – МП и на некои манастирски заедници со режимот на Руската Федерација. Во наративот на РПЦ, како и кај некои наши домашни портали и известувачи, се користи само Константинополска патријаршија и Константинополски патријарх, што е своевиден обид за дискредитација и има намалување на првенството на оваа Црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...