Годишната празнична Божествена Литургија на празникот Успение на Пресвета Богородица, закажана за денеска, 23 август – во истоимениот манастир на Богородица – Панагиа Сумела во Трапезунт (провинција во североисточниот дел од современа Турција), не беше сигурно дека ќе се одржи.
Голема тензија предизвикаа движењата на исламистите и ултранационалистите, кои го повикуваа народот да се собере за да се спречи служењето на Литургијата во Панагиа Сомела.
Првично, нејзиниот служење беше закажано за 15 август, по соодветна иницијатива на Вселенскиот Патријарх. Меѓутоа, тоа не беше дозволено од турската влада, со аргумент дека конкретниот датум се совпаѓа со османлиското освојување на Трапезунт, што би предизвикало реакција од националностите.
Како што беше наведено, националистичките групи се обидоа официјално да го забранат извршувањето на Божествената Литургија, упатувајќи барање до управникот на регионот. Откако нивното барање беше одбиено и дадена дозвола, овие групи ги повикаа луѓето да се соберат во манастирот и да го спречат одржувањето на богослужбата денеска.
Во атмосфера на трогателност и умиление се изврши Светата Литургија со големи ограничувања и мерки и минимало присуство на верници. Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј не присуствуваше, а наместо него чиноначалствуваше Митрополитот Калиополски и Мадитски г. Стефан. Верниците кои добија дозвола да присуствуваат на богослужбата оваа година беа помалку од кога било досега.
Безбедносните мерки беа строги, од 08.00 часот наутро беше забранет преминот на возила до манастирот, додека во Панагиа Сумела се пуштаа само посетители со посебна дозвола.
Претходните денови националистичките кругови во Турција покренаа кампања во медиумите и социјалните мрежи против извршувањето на Литургијата и против Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.
Контекстот на реакциите е поширок, бидејќи покрај верските разлики „се допираат“ и прашања поврзани со историјата, но и со политичката состојба во Турција.
Симбол на Понтискиот хеленизам во Трапезунт, но и прочуениот верски споменик на православието – Панагиа Сумела – несомнено го привлекува интересот на Христијанскиот свет. Симболизмот на извршувањето на годишната Литургија за Успението на Пресвета Богородица е силен.
Всушност, првичната забрана за одржување на богослужбата на 15-ти август предизвика реакции против Турција, додека, пак, дозволата што на крај беше дадена за денешното отслужување на Литургијата ја покажува особеноста на состојбата и притисокот што се врши врз турската влада насекаде.
/protothema.gr

