Стапи на функција новиот политички управител на Света Гора, Стефанис Алкивјадис

Date:

Share post:

„За мене е голем момент. Доаѓам како слуга на вашите трудови и на вашите праведни барања; и како што толку години ѝ служев на татковината, ветувам дека ќе ѝ служам и на Атонската држава“. Со овие зборови ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора од позиција на политички управител г. Стефанис Алкивјадис.

Во Протатонскиот храм во Кареја, – административниот центарот на Света Гора – во средата наутро се изврши официјалниот пречек од страна на Протоепистатот, Старецот Симеон Дионисијатски, и од членовите на Свештената Епистасија. На новиот функционер со поздравно слово му се обрати Протоепистатот, Старецот Симеон Дионисијатски, за време на церемонијата на воведување.

Официјалната церемонија се одржа во присуство на заменик-министерот за внатрешни работи, одговорен за Македонија-Тракија, г. Константинос Гјулекас; генералниот секретар на пратеничката група на Неа Димократија и прв пратеник на Солун, г. Ставрос Калафатис, претставници на локалната самоуправа, воените власти и безбедносните сили, но и властите на Света Гора. Г. Стефанис го наследува Анастасиос Мицјалис кој поднесе оставка пред неколку недели.

Новиот политички управител на Света Гора беше придружуван од Директорот на Претставништвото на Вселенската Патријаршија во Атина, Високопреосвештениот Митрополитот Лаодикиски г. Теодорит.

Осврнувајќи се на Света Гора, г. Стефанис го истакна нејзиното сесветско влијание, нагласи дека „претставува дом и сила на единството дури и во лошите времиња“ и вети дека ќе придонесе за нејзината духовна и културна мисија, „апсолутно почитувајќи ја самоуправноста, една востановена традиција која придонесе за развојот и подемот на Света Гора“.

Дополнително, тој изјави дека уште пред да ја посети Кареја веќе имал контакти со министрите: за надворешни работи и за заштита на граѓаните.

/orthodoxianewsagency.gr

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...