Бугарскиот патријарх застана зад Онуфриј во Украина

Date:

Share post:

Новиот бугарски патријарх го поддржа Онуфриј, поглаварот на Украинската православна црква – Московска патријаршија, со што наговести дека БПЦ нема да прави драстична промена во совојата политика кон црковното прашање во Украина. Десетгодишнината од устоличувањето на Онуфриј за Митрополит на Киев, Даниил му го честиташе јубилејот, со што демонстрираше позиција дека неодамнешното сослужување на бугарски владици со владици на автокефалната ПЦУ на Епифаниј е само нивен личен чин, а не и официјална политика на БПЦ.

Патријархот Даниил во честитката потенцира дека во текот на овој десетгодишен период Онуфриј се утврдил како достоен наследник на големите архиереи и исповедници, кои служеа на Киевската митрополитска катедра.

-Вашата пословична скромност, смирение, долготрпеливост, љубов кон монаштвото и монашкиот начин на живот, стремежот кон строго почитување на канонскиот ред, завештан од светите отци во Црквата, се карактеристични одлики на Вашето тешко служење како претстојател на братската Украинска православна црква. Времето на Вашето првосветителство се поклопи со тешки искушенија за украинскиот народ и за неговата Црква. Вие успеавте и продолжувате, со Божја помош, да одолевате на сите обиди за создавање на разединување, зачувувајќи го единството, целоста и каноничноста на Украинската православна црква. Воедно, тоа беа години на поделба внатре во самото украинско општество, при што Вие секогаш се покажувавте како обединувач и миротворец – евангелска должност за секој вистински Христов пастир. Ваше Блаженство, Во изминативе години братска Украина поминува низ страшното искушение на крвава војна. Сите ние усрдно се молиме за мир во Украина, кој е важен услов за мирот низ целиот свет. Се молиме лично за Вас, та Семилосрдниот Бог да Ви подари уште многу години здравје, духовна расудливост и сила, за да ја водите доверената Ви Украинска православна црква за спасението, мирот и духовниот напредок на благочестивиот украински народ, стои во честитката од Даниил до Онуфриј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...