Епископот Антаниски Партениј беше гостин на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Имврос за празникот Успение на Пресвета Богородица, што Вселенската патријаршија го слави на 15 август. Владиката Партениј, заедно со монасите од Бигорскиот мансатир, со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј, сослужувале на литургијата со Вселенскиот патријарх. Во делегацијата на МПЦ-ОА покрај монаси и монахињи биле и претсравници на културно уметнички друштва кои имале свои настап по Богослужбата во центарот на Ивмрос.
Од директниот пренос од Литуиргијата, штон го емитуваше Всленската патријаршија можеше да се забележи дека сослужувањето на владиката Партениј е на македонски јазик.
Делегацијата на МПЦ-ОА (Охридската Архиепископија, како што официјално ја ословува Вселенската патријаршија во соопштението) имала големи почести, а практично е единствена делегација од помесните рпавославни цркви кои учествувале на овој празник.
Со верска ревност и во силно емотивно наполнета атмосфера, на егејскиот остров Имбро беше одбележан големиот Богородичен празник Успение на Богородица. Вселенскиот патријарх Вартоломеј чиноначалствуваше со Божествената Литургија во празничната црква на планинското село Агридијас, поддржан од Митрополитот Кирил од Имврос, Кирило од Мошониси, Хрисостом Миронски и Антански Партениј, Архиереј на Охридската Архиепископија. Монаси и монахињи од Охридската Архиепископија, Максимос Чаракопулос, пратеник во грчкиот парламент и генерален секретар на ОДС и голем број Имвриотци и посетители од градот и странство присуствуваа. Веднаш потоа се одржа поворка на светата икона на Богородица низ улиците на живописното село. По Божествената Литургија, на плоштадот Агридија беше приредено традиционално имвриотско уживање, каде младите од Охридската Архиепископија пееја и играа во чест на Вселенскиот Патријарх и на сите гости, стои во соопштението од Всленската Патријаршија.


