Епископот Антаниски Партениј денеска одбелеажа 29 години од замонашувањето во МПЦ-ОА. Тој е меѓу првите од генерацијата возобновители на монаштвото во Македонија на почетокот од деведесетите. Целикупното монашко братство и сестринство, а во пресрет на претстојниот голем јубилеј– триесет години од замонашувањето, го посетиле МитрополитотТимотеј, кој е нивен надлежен архиереј.
Од Бигорски велат дека целта била да му се заблагодарат на нивниот архипастир што точно пред 29 години го повикал и на 5 август 1995 година го замонашил Партениј.
-На срдечната средба во големиот синодикон на Светата Митрополија, на која освен Митрополитот присуствуваа и секретарот на Епархијата протопрезвитерот-ставрофор г. Никола Христоски и протоѓаконот г. Николче Ѓурѓиноски, од името на нешто братство и сестринствата, на дедо Тимотеј му беше подарен архијерејски жезол во знак на благодарност за неговата пастирска грижа за монаштвото, за манастирите и за развојот на црковниот живот. Владиката г. Тимотеј ја изрази својата голема благодарност за посетата и за вниманието и уште еднаш го испрати својот архипастирски благослов на нашите монашки заедници. Од благодарност и признателност кон Високопреосвештениот Дебраско-кичевски за неговото христољубиво дело, беше подготвено и монашко послание, кое од името на сите браќа и сестри, пред дедото, со возвишени чувства и со длабоки емоции, го прочита нашиот постар собрат архимандритот г. Макариј, велат од Бигорски.


