На Илинден прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија

Date:

Share post:

На барање на македонската заедница во Србија, денеска на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија,  се одржа првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник, јави дописникот на МИА од Белград.

Црковната литургија ја одржа јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, надлежен за црквата Св.Пророк Илија во Јабука, каде има најголема концетрација на Македонци во Србија.

„Историскиот чин на првата литургија на македонски јазик во Србија се одржува на иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство (НСМНМ), по повеќемесечни наши заложби и по барање на македонската заедница, а по добиениот благослов од архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како резултат на соработката меѓу МПЦ и СПЦ“, изјави секретарот на Македонскиот национален совет, Марјан Јовановски од Нови Сад.

Првата историска литургија на македонски јазик во Србија во местото Јабука ќе се одржи во рамки на централното одбележување на 2 Август кој е признат како национален празник за македонското малцинство во Србија, со полагање свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во истоименото основно училиште и со свечана седница на Македоскиот национален совет.

Досега во Србија беа одржани повеќе заеднички литургии и сослужувања на црковни лица од СПЦ и МПЦ-ОА, но ова е прв пат да се одржува самостојна литургија на македонски јазик, од македонски свештеник на СПЦ.

/МИА

1 COMMENT

  1. Mnogu ubavo sto se ispocituval majciniot jazik na Makedoncite vo Jabuka, iakoo veke treti , cetvrti generacii od iselenici sosem se adaptirale na sredinata,seepak, obidot na SPC za nekoj sto znae deka ima poteklo od Makedonija i da cue i oficijalna sluzba na makedonski e za pozdrav.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...