Средба на директорот на КОВЗ Сотировски со Ал Анезиј, заменик-министер за исламски прашања на Саудиска Арабија

Date:

Share post:

Директорот на Комисијата за односи со верските зедници, Даријан Сотировски, денеска имал средба со Авад бин Себлиј Ал Анезиј, заменик министер за исламски прашања на Саудиска Арабија, на која присуствувал и поглаварот на Исламската верска заедница во земјава, Шаќир еф. Фетаи.

Како што информира Комисијата, на средбата се разговарало за продлабочување на соработката со Исламската верска заедница и со институциите на државата, „во насока на подобро запознавање и искористување на широките можности кои ги нудат современите културни,  економски и образовни практики“.

-Заменик-министерот Ал Анезиј го изрази задоволството од посветеноста на македонските институции и верски заедници да создадат стабилна општествена кохезија и најави дека неговата посета е увертира во идниот период на почеста и подлабока соработка.  Директорот Сотировски упати на посветеноста на македонската држава да гради внатршна хармонија, што секако е условено од бројни предизвици, но и да биде во отворена соработка со сите суверени држави со кои гледа заемен интерес кај граѓаните на двете држави  за одржлив развој и благосостојба, се наведува во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...