Својата поддршка, уште еднаш, за црковното прашање на Украина ја изрази патријархот на Србија Порфириј со писмо до патријархот на Москва Кирил.
Одговарајќи на писмото на рускиот поглавар во врска со процесите против јерарсите и свештениците на Украинската Православна Црква што е под Московското Патријаршија, српскиот патријарх, меѓу другото, изјави дека „јерарсите, свештениците и верниот народ на Украинската Православна Црква се соочуваат со отворени прогони, кои безмилосно ги вршат украинските власти“, пренесува patriarchia.ru.
„Наместо да се обидуваат со сите свои сили да ја запрат вооружената конфронтација на двата братски народа, кои се возродени во истиот духовен купел, злите, водени од отровна омраза, не престануваат да се обидуваат да го уништат последниот бастион на Украинската Православна Црква, кој е нивното единство во љубовта на Господ“, вели патријархот Порфириј. „Нејзините јерарси, кои не само што отворено и храбро ја трпат злобата на атеистичките власти, туку и во сегашните услови страдаат повеќе од другите како верни пастири на Христовата Црква, стануваат обвинети во лажни судови и осудени на предвидените казни за извршување на одвратни злосторства. Нивната непоколеблива ревност во верата и во служењето кон народот Божји се изразува на најточен начин со зборовите на светиот маченик Игнатиј Богоносец: „Јас сум пченицата Божја. Нека ме здробат забите на ѕверовите, за да станам чистиот леб на Христос“. Знаејќи ја нивната подготвеност за саможртва и храброст да се спротивстават на секоја неправда, чувствуваме братска должност и обврска да сведочиме пред целиот свет за нивните страдања, кои, Блаженејши, драги во Христа брате, го правиме секогаш со молитва и доверба во нашиот Владика“, додава тој.
Истовремено, Поглаварот на Српската Православна Црква изјави дека плачот на украинскиот православен народ, кој според него „останува верен на својата канонска Црква“, не стигнува до оние во чиј раце е концентрирана власта. „Кои можат да влијаат на властите на Украина со цел да се прекине прогонството и антицрковната терористичка активност, кои се шират сè повеќе и повеќе“, наведува тој.
„Сегашната конфронтација се користи како изговор за спроведување на план за целосна забрана на активностите на Украинската Православна Црква со цел целиот духовен и материјален капитал да се префрли во рацете на лажна црква“, тврди Патријархот на Србија. Истовремено, ја изрази својата загриженост дека под овие услови „сегашната состојба на нашите православни браќа ќе продолжи да се влошува“, потсетувајќи на важноста на мирното решавање на вооружената конфронтација. Конфронтација којашто, сепак, која произлезе од руската инвазија на 24 февруари 2022 година.
„Ќе продолжиме да се обидуваме со секоја можност да го свртиме вниманието на христијанската и меѓународната заедница на нивните страдања, повикувајќи ги сите институции да престанат да ги затвораат очите пред сите злосторства што ги претрпела Украинската Православна Црква во изминатите месеци и години. Да преземеме акција за да ставиме крај на ова беззаконие“, заклучува во своето писмо Поглаварот на Српската Црква, изразувајќи молитви „за Украинската Православна Црква и нејзиниот страдален верен народ“.
Односите меѓу двете Цркви се одлични, факт што го потврдува и посетата на Порфириј на Москва минатиот март. Скоро три и пол години по изборот на Патријархот на Србија, тој досега се сретнал само со Патријархот на Москва. Изјавите на јерарсите на Српската Патријаршија за украинското црковно прашање се чести, додека како единствена канонска Црква во Украина, Српската Црква ја признава онаа под митрополитот Киевски Онуфриј, и покрај тоа што Вселенската Патријаршија додели Томос за автокефалност на Црквата на Украина под митрополитот Киевски и на цела Украина Епифаниј.
/orthodoxianewsagency.gr

