Поглаварите на Православната црква на Амаерика, Тихон и на Украинската православна црква Онуфриј, сослужувале на 2 јуни 2024 година, во манастирот Свето Вознесение Банчени во епархијата Черновци и Буковина.
Она што го прави ова сослужение посебно е фактот што во споменувањето на имињата на претстојателите на помесните православни цркви, според канонскиот ред прв во диптихот бил спомнат Вселенскиот Патријарх Вартоломеј од Константинопол, додека Руската православна црква има прекинато општење и споменување на Вселенскиот Патријарх и на сите кои ја признаа автокефалноста на ПЦУ.
На Литургијата беа упатени молитви до Господа за мир во украинската земја и избавување од непријателот; на Господа му беа упатени и молитви да се смилува на украинскиот народ, да се спасат очајните и оние што ги загубија своите домови и да се благословат луѓето со добра волја кои им помагаат на оние кои имаат потреба. Митрополитот Онуфриј во молитвата по сугубата ектенија, со горешти молитви го замоли Бога за Неговата милост кон украинскиот народ и Го замоли Господа да ги направи властите помудри, да ги зајакне воините со храброст, да ги ослободи воените затвореници, да ги излекува болните и да им даде засолниште на оние кои останале без покрив над главата.
Во свое лично име и во име на целата Православна црква во Америка, Архиепископот од Вашингтон ја изрази својата поддршка за Неговото Блаженство Митрополитот Онуфриј, за Украинската православна црква и за целиот народ на Украина, кој ја брани својата држава од агресијата на Руската Федерација.
Заеднички со поглаварите на Православната црква во Америка и на Украинската православна црква сослужуваа: Митрополитот Тернопилски и Кременички Серхиј; Митрополитот Камјанец-Подилски и на Хородок Феодор, началник на црковниот суд на УПЦ; Митрополитот на Черновци и на Буковина Мелетиј, раководител на Одделот за надворешни црковни односи на УПЦ; Митрополитот Бориспилски и Броварски Антониј, канцелар на УПЦ; Митрополитот Нижински и Прилукиски Климент, раководител на Одделот за информации и образование на УПЦ; Митрополитот Банченски Лонгин, игуменот на манастирот; Митрополитот Шепетивко-славутски Евсевиј; Архиепископот Хотински Венијамин; Архиепископот Хмелницки и Старокостијантински Виктор; Архиепископот Билохородски Силвестер; Ирпинскиот епископ Лавр; Епископот Бородијански Марко; Епископот Силуан од Херца; Епископот на Новоселица Клеопа; Епископот Никита од Ивано-Франковск и Коломија; свештенослужители од манастирот и од епархијата Черновци и Буковина; а гостите во свет ред.

