Со протести и скандирања „Недостоен“ беше избран новиот Сливенски8 митрополит на БПЦ, откако проруското крило во бугарската црква не успеа како избор да го наметне својот кандидат за нов митрополит.
Петмина митрополити гласаа за епископот Герасим, а седумина за епископот Арсениј, со што тој беше избран за нов Сливенски митрополит.
Последното гласање беше јавно, по што беше видливо кое крило кој епископ го поддржува. За Герасим гласале, Врачанскиот Григориј, Ловченскиот Гаврил, Варненскиот Јован, Неврокопскиот Серафим и Видинскиот Данаил.
За Арсениј, зад чиј избор застана Пловдискиот Николај, гласале и уште Великтрновскиот Григориј, Плевенскиот Игнатиј, Западно-средноервопскиот Антониј, Русенскиот Наум, Старозагорскиот Кипријан и Доростолснкиот Јаков.
Изборот на новиот Сливенски митрополит е важен пред изборот на новиот бугарски Патријарх

