Евроамбасадорот Гир во посета на Бигорски манастир

Date:

Share post:

Во посета на Бигорскиот манастир вчера доцна попладне, бил амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир.

Од Бигорскиот манастир информираат дека на сребната било разговарано за состојбата на христијанството и улогата на црквата во современиот свет.

-Ценетите гости имаа можност одблиску да се запознаат со нашата милениумска Светиња. Во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот беше пречекан од нашиот старец и игумен, епископот г. Пратениј, кој го запозна гостинот со евангелската мисија на нашето братство. На средбата беше разговарано и за општата состојба на христијанството и за улогата на црквата во современото доба, додаваат од манастирот.

Високиот гостин, од своја страна му заблагодарил на владиката Партениј за неговата благотворна улога во општеството, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност, а владиката му заблагодарил на амбасадорот за посетата и за покажаната почит.

Амбасадорот Гир и неговата придружба имале можност да ја посетат и Бигорската библиотека и да видат дел од раритетните книги, како и да го разгледаат книжниот фонд.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...