Историски ден во Фанар – Бугарската црква сослужуваше со православната црква на Украина

Date:

Share post:

Петмина владици на бугарската црква сослужуваа со владици на автокефалната црква на Украина, со што го направија првиот чекор кон прифаќање на оваа црква. Историското сослужување се случи денеска во присуство на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој ја предводеше Патријаршиската Литургија, посветена на Неделата на Мироносиците, која според традицијата, се одржа во Католиконот на Светиот Патријаршиски и Ставропигијален манастир Балаклија.

На Вартоломеј му сослужуваа аерхиереи од Бугарија и Украина, меѓу нив беа Пловдискиот Николај, Старозагорскиот Кипријан, Доростолскиот Јаков, Величкиот Сиониј и смоленскиот Висарион.

Свечена проповед одржа Протопрезвитерот на Вселенскиот Престол, г. Василиј Калиакманис, кој е клирик на Светата Митрополија во Неапол и Ставропол, како и професор на Теолошкиот Факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун. Патријархот во својата беседа после Светата Литургија не пропушти да ја изрази и радоста заради учеството во денешната свечена Литургија на архиереите од двете Помесни Цркви во Бугарија и Украина.

„Пораката за Воскресението во денешниот празник се слуша „надвор од ѕидините“. Таа е последната заповед на Христос кон Своите ученици: Да тргнат по Екумената, надвор од ѕидините на градовите, и да го проповедаат Воскресението „насекаде“, за содејствител имајќи Го Самиот Господ, Кој ќе го потврдува словото „со последователни знаменија. Знак на постојаното присуство на Господа помеѓу нас претставува сослужението со браќата Архиереи од две драги ќерки на Црквата на Константинопол, имено од Автокефалните Цркви на Бугарија и Украина. Вашето присуство, Најчесни браќа, во дворовите на заедничката Мајка Црква е причина за фалба за нас, бидејќи нејзините трудови за благосостојбата на своите чеда, не останаа бесплодни. Истовремено ја имаме и сигурноста, дека и за вас поклонението во Царицата на градовите и во Великата Црква, претставува духовно враќање во купелот, кој што ги прероди и просвети вашите народи и беше одлучувачка и благотворна пресвртница во вашата историја и култура”, рече меѓу другото Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Ова денешно сослужување е историски чин за Бугарската црква, ако се знаат нејзините реалции со Руската црква. Денешното принавање на канонскиот статус на Православната црква на Украина, е прв чекор кон прифаќање на нејзината автокефалност, иако за очекување е ова предизвика турбуленции во Синодот на БПЦ, каде има и исклучително проруски владици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...