Отец Александар е новиот свештеник на МПЦ-ОА во Европската епархија. Ќе служи во црквата Свети Никола во Мајнц, Германија.
Ракополагањето го изврши надлежниот Митрополит Пимен на денот кога црквата го празнува споменот за Свети Тарасиј.
-Европската епархија „побогата” со уште еден свештеник!
Денеска кога православната црква го празнува споменот на “Светиот Тарасиј” Неговото Високопреосвештенство Митрополит Пимен, го ракоположи ѓаконот Александар Новоселски во свештенички чин. Спомнувајќи не и нас во молитвите, на многаја лета Отец Александар!
Достоен! Достоен! Достоен!, соопштија од епархијата.
Отец Алксандар е по потекло од Делчево.

