Скопската православна епархија на МПЦ-ОА објави соопштение за посетата на македонската црковна делегација на Белград, речиси еден ден подоцна отакако Религија.мк ја објави веста дека Архиепископот и владиците, од редовниот состав на САС на МПЦ-ОА, преку Табановце заминале за Белград.
Првично што паѓа в очи е идентичното соопштение што и МПЦ и СПЦ го објавуваат за средба на Архиепископот и македонските владици со Патријархот и со српските владици. Од збор до збор соопштението е идентично, а читано низ новинарската симболика тоа укажува дека двете цркви одлучиле да објават исто соопштение, веројатно за да нема различни толкувања. Идентични се и фотографиите. Таквата форма на известување обично се прави кога медиумите ќе дознаат за нешто што требало да биде веројатно таинствено и да помине без информации за јавноста.
Но, веста за посетата на МПЦ-ОА на Белград, вчера ја објави религија.мк и таа веќе не беше таинствена, што веројатно требало да резултира со половично информирање на јавноста.
Она што беше клучно во веста на религија.мк е дека посетата на македонската црковна делегација на Белград се поклопува со посетата на руската црковна делегација на Белград, предводена од шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Антониј, а во негова придружба е и личниот советник на Патријархот Кирил, Николај Балашов. Прашањето кое, и сега, по овие две соопштенија на МПЦ и на СПЦ, останува нејасно е дали делегацијата на МПЦ-ОА имала средба со руската црковна делегација? Ако се анализираагт информациите официјални што ги објавува руската црква, тогаш сосема јасно е дека вчера вечерта во Блеград биле и делегацијата на МПЦ-ОА и делегацијата на РПЦ. Митрополитот Антониј вчера бил во посета на Бачката Епархија, со која раководи Иринеј Буловиќ, а на крајот од веста за посетата РПЦ пишува дека „истиот ден Митрополитот Антониј заминал за Белгард“.
Истиот ден (среда 06.03.2024) некаде после 19 часот во Белград е и македонската црковна делегација. Логиката вели дека веројатноста да не постоела средба е речиси неверојатна, но ако договорот е средбата да биде тајна, тогаш јавноста никогаш нема да дознае дали таква средба се случила. Ако пак нема договор за тајност, тогаш знаејќи го начинот на функционирање на ПИ-АР службата на руската црква, треба да се очекува дека веќе утре ќе има информации за тоа.
Секако дека постои и опцијата таква средба воопшто и да не била предвидена, ниту да се случила. Но, тогаш тоа покажува еден друг, поинаков однос на руската црква кон МПЦ-ОА.
Зошто?
Заеднички именител од соопштенијата на СПЦ и РПЦ и на СПЦ и МПЦ е дека на тие средби се разговарало за „актуелностите во сеправославниот свет“. Секој добро информиран знае што е таа тема на разговор. Тоа значи дека ако МПЦ немала средба со РПЦ во Белград, тогаш задолжен за пораките што РПЦ ги има кон МПЦ на оваа тема е СПЦ и Патријархот Порфириј. Тоа индиректно е уште полоша порака за МПЦ од РПЦ, бидејќи таа на тој начин смета дека „глава“ е СПЦ, а МПЦ е инструмент на СПЦ.
Но, како и да е. Ако МПЦ имала средба со РПЦ, тогаш лично и биле пренесени нејзините ставови за тоа како МПЦ треба да се однесува во иднина, особено што се ова се случува само неколку дена по посетата на Ватикан и по синодската седница на која МПЦ-ОА одлучи да формира Комисија за преиспитување на нејзиниот став за украинската автокефалност. Ако пак МПЦ немала средба со РПЦ, тогаш ставот на РПЦ го добила индиректно преку СПЦ. Просто е…
Зошто е тоа просто како два и два?
Прва и едноствана причина е токму, веројатно, изненадната посета на делегацијата на МПЦ-ОА. Зошто? Во соопштението на СПЦ и на МПЦ пишува дека македонските владици одат во Белград на покана на Патријархот Порфириј за да му ја честитаат тригодишнината од неговото устоличуваење на Патријарх. Тоа е благо речено, ад хок смислена причина за оваа посета и навистина многу наивно образложени. Прво тригодишнина нема никакво значење за да се одбележува. Зошто на пример не беше одбележана првата годишнина, или втората годишната? Зошто ако патувале македонските владици за честитка на тригодишнината нема служба за тоа, туку административна средба во Патријаршијата? Трето, Порфириј за Патријарх на СПЦ е избран на 18 Февруари 2021 година, а устоличен на 19 Февруари 2021 година. Зошто некој би му честитал избор речиси еден месец подоцна и токму во период кога во Србија е присутна руската црковна делегација? И уште еден логички факт. Ако македонската делегација патувала во Белград за да му оддаде почит на Порфириј за неговите три години патријаршиство, зошто на тоа патување оди целиот редовен состав на Синодот? Зошто е поканата од Порфириј, како што шипува во сооштението? Како тоа изгледало кога било договарано? Вака отприлика? -„Еј, ај ако нема што да правиш у среда, земи ги овие од Синод од кај тебе и дојдете да ми честитата три години од устоличување на Пеќкот Трон. На 19 коа беше настанот не ве викнав, ама еве сеа дојдете ќе си помуабетиме“? Шала на страна, се ова укажува на тезата дека наведената причина за посетата на Белград е „ради-реда“, бидејќи идејата била посетата воопшто и да не биде одразена во медиумите, но проблемот веројатно го направи Религија.мк, со објавувањето на веста. Но, наведената причина е толку неинветивна, што ја открива намерата.
Дополнитело ако се анализираат фотографиите од средбата на делегацијата на МПЦ-ОА и СПЦ воочилв е уште еден многу интерсен детаљ. Архиепископот Стефан на таа средба не носи Бела Пана. Зошто? Што значи тоа? Ако се знае дека на официјалните средби, особено со претставник на помесна православна црква, или држава, Поглавар задолжително носи Бела Пана, што е официјалната капа за негово официјално претставување, тогаш зошто Архиепископот во Белград не ја носи? Логоката вели дека има две можни објаснувања.
Првото е дека можеби проблем е Белата Пана во односите меѓу двете цркви, проблем што се влечеше историски од 1967 година. Но, ако се земе фактот дека на првото сослужување на Стефан и Профириј во 2022 година немаше никаков проблем двајцата поглавари да носат Бела Пана, а подоцна исто така на нивните заеднички средби, тогаш речиси невозможо е тоа да е причината.
Ворото објаснување е во насока на тоа дека Архиепископот Стефан праќа некаква порака кон СПЦ и Патријархот Порфириј, но таа порака секако не е благпријатна за Порфириј и тој тоа би го разбрал. Но во тој случај тоа би било прично храбар и сериозен потег на Архиепископот Стефа, што е малку веројатно.
Ако се исклучат и двете опции, тогаш останува третата логична причина. А тоа е дека македонската црковна делегација во Белград патувала „апансас“ како што народски се вели, мислејќи дека оди на неформална, неофицијална средба, без фотографиња и без идеја дека вест за таквата средба ќе оди во јавност. Во таков контекст, Архиепископот одлучил да замине со монашката капа, која се користи за неформални средби.
И сега доаѓаме до суштината. Зошто беше оваа средба во Белград, официјално со СПЦ, неофицијално и со руската црква?
Одговорот се крие во последната реченица од соопштението на двете цркви. На разговорите било псоветено внимание на „актуелностите во сеправославниот свет“. За лаиците ова не значи ништо. За медиумите онака, колку да се има повод. Но, за познавачите на состојбите оваа реченица кажува и повеќе од доволно.
Посетата на руската црквона делегација на Србија, коинцеденцијата и со посетата на македонската црковна делегација на Србија, во период кога МПЦ-ОА одлчува да формира Комисија која ќе го проучува прашањето за украинската автокефалност, што само по себе значи ретераирање од досегашниот тврд став дека нема да ја призне ПЦУ се додека и Русите не ја признаат, е основната причина за оваа трилатералка во Белград. Иако никој од МПЦ-ОА нема да признае, ниту пак јавно да проговори за ова, сепак сосема јасно е дека во Белгад бил вршен директен, или индиректен притисок врз МПЦ-ОА да се откаже од можноста да продолжи по патото за конечна автокефалност, особено да се откаже од идејата да го ревидира својот став за автокефалната црква во Украина.
Зошто има логика во ова?
Одредени познавачи на црковните прилики во меѓународен контекст, неодамна ме брифираа дека руската црква има намера „квази моделот на автокефалност“ во Македонија да го преслика во Украина по завршувањето на војната и да го презентира во православниот свет како модел за идна автокефалност. Тој модел треба да се најде и на дневен ред на евентуалниот нов обид на Ерусалимската патријаршија да свика нов Сеправославен Собор по барање на Москва и да се усвои консензус дека автокефалност може да признава само „Мајката Црква“ од која се одвојува една црква и таа е онаа која ќе ги дифинира условите на новата автокефална црква. На тој начин руската црква смета дека ќе го задржи јуриздикциското право врз територијален концепт на квази автокефални цркви, кои би биле под влијание на „Мајката Црква“. Токму затоа, истите инрофмации велат дека од МПЦ-ОА сега ќе се бара друго. Наместо да се фокусира на канонско единство со автокефалната православна црква на Укрина, добиен со доделен Томос од Вселенската Патријаршија, МПЦ-ОА треба да се фокусира на воспоставување на взаемни релации и односи со Украинската православна црква – Московска патријаршија. За потсетуваење таа црква, кога почна воениот конфликт во Украина, одлучи да самопрогласи автокефалност со цел да докаже дека не е со руската државна и црковна политика. Но, Руската црква не ја екскомуницираше, а остантите павославни цркви се уште ја препознаваат како канонска црква, но не и како афтокефална, туку како автономна црква во состав на РПЦ.
Она што веројатно сега ќе се бара од МПЦ-ОА и од УПЦ-МП е взаемно самопризнавање. МПЦ-ОА да ја признае нејизината квази автокефалност, а УПЦ-МП да ја признае квази автокефалноста на МПЦ-ОА. Така и руската црква и српската црква ќе бидат задоволни. Ги задоволиле желбите на Македонија и на Укрина за автокефалност, а во суштина го задржале своето јуриздикциско подрачје на влијание.
Пишува: Марјан Николовски


За грев новинару …
Само џабе потрошена хартија и мастило …
Novinarot e vo pravo. Od kade tolkava doverba vo SPC posle skoro 100 godini negiranje na MPC OA? Srpskoto kralstvo ubivashe makedonski pravoslavni sveshtenici zashto ne go spomnuvaa srpskiot patrijarh a do pred 2 godini nejkjea da chujat ne pa da ne priznaat za Crkva! Ne ne smetaa za zhivi pred samo 2 godini tuku za sektashi, raskolnici i crkva osnovana od komunistite.
Seto toa se smeni posle priznavanjeto od strana na Negovata Bozhestvena Sesvetost Patrijarhot Vartolomej koj sigurno kje bide zapishan vo istorijata za ova svoe golemo delo kon nas Makedoncite!!!!
Srbite taa prilika ne si ja iskoristija i se drugo im e dzhabe.
Во оваа веќе изветвена анализа, каде авторот очигледно изнемоштува да пружи и автентични информации и аргументи за своите тези, има еден прилично жовијален момент. Еве на што потсетува тоа. Селаните од Велјуса, каде што се наоѓа прекрасниот одамна возобновен Свет Манастир на Пресвета Богородица Елеуса, но кој за големо чудо долго време доживуваше резервираност од велјушките селани (со ретки исклучоци), кои со недоверба гледаа во новодојдените монахињи, а веројатно и кон нивниот духовен отец, значи тие селани имаа традиција пред колонијалот на сред село со кригла пиво да го анализираат секое негово појавување како нивен надлежен Владика на телевизија. Но, во недостиг на други знаења со кои би го оквалификувале неговото дело, подвиг итн., главно за што разговараа беше дали носел митра во таа прилика или нисел некоја друга капа или пана или не носел ништо, и колку се разликувал по ова прашање од другите архиереи што ги виделе во таа или слични ситуации на ТВ. Навистина комично беше кога ќе го видеа без никакво обележје на главата, зашто тогаш провокативно и неуко се распрашуваа или тврдеа: “ Е за шо Владик’та не носеше капа? Да не се армаса?” Така му доаѓа и Вашево. Безмалку идентично.