За викарен епископ велички денеска е избран досегашниот архимандрит Никола (Трајковски) од манастирот „Свети Никола“ во селото Манастир, Мариово. Тој ќе биде викарен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА каде што началствува митрополит Петар.
Ова е наведено во најновото соопштение на МПЦ-ОА по завршувањето на седницата што беше одржана во полн состав и на која беа разгледани повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот.
-На почетокот од седницата Неговото блаженство архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА, наведено е во соопштението од седницата.
Новиот викарен епископ Никола долги години е архимандрит во мариовскиот манастир „Свети Никола“ којшто пред две години одбележа 750 години од постоењето. Овој храм е сместен е непосредно на самиот крај на селото од јужната страна, на десниот брег високо над реката Црна во Чебренската клисура. Архимандритот Никола во него престојува од 2007 година со што таму беше обновен монашкиот живот.
Инаку, архимандритот Никола е автор и на книгата за “Руските монаси во Македонија” во која на Русите им се пренесуваат убавините на македонските цркви, но и на дејствувањето на нивните сограѓани во Македонија, односно на книжевната традиција што ја создавале по нивното доаѓање во Македонија.
/Скопско ехо
I Vraniškovski e duhovno čedo na Petar, pa se nadevame deka i ovoj će bide uspešen kako Vraniškovski
Се’ ми се чини дека новоизбраниот Епископ е духовно чедо на Владиката Климент и дека со благослов на Владиката Петар се подвизуваше во мариовскиот Манастир на Св. Никола. Кога зборуваме за ‘духовни чеда’ мора да имаме предвид дека Епископот/Митрополитот е Духовниот Пастир на сите христијани, мирјани, свештеници и монаси во односната богодарувана Епархија што ја возглавува како носител на полнотата на даровите на Светиот Дух, (според Св. Игнатиј Богоносец Епископот дури благодатно стои на местото од Небесниот Отец во својата епархија), но и дека постојат духовни раководители, Старци, кои имаат благослов од самиот Епископ (пред се’ се украсени со дар Божји и имаат посебен подвиг), да раѓаат духовно и да раководат на патот на спасението со свои духовни чеда, на радост и под закрила на самиот Еписоп. Некои од нив се опитни монаси, други се свештеници, а сите тие трчаат да го умножат Христовото Стадо и да ги изградат сите искрени боготрагатели во што поздрави подвижници, знаејќи дека Царството Небесно со чист и правилен подвиг (по милоста Божја и со голема благодатна помош) се придобова. Невкусно е да се комерцијализираат овие настани, светите врски меѓу луѓето Божји да се опишуваат на профан и бесплоден начин, да се тестираат некакви “суети”, да се припишуваат заслуги или да се изнудуваат приговори и несолени претпоставки. Кога се избира Владика, особено викарен Епископ, јасно е дека се работи за голема љубов меѓу Мајсторот и Помошникот: тоа е ден кога Господ и ангелите и сета Соборна Црква, со Црквата Која торжествува влегуваат во Нов Завет со богоизбраниот, завет дека ќе го придружуваат и ќе му помагаат неотстапно на неговиот пат, дека ќе го носат заедно со него бремето Христово макар лесно, и ќе го дополнуваат со својата светост блесокот на јаремот Негов, кој е благ. Бог да ги благослови новоибраниот Викарен Епископ и Митрополитот Петар со чудесна меѓусебна љубов, со огромни духовни плодови и лични и меѓу нивните духовни чеда, на радост на целата Црква и на нашата страдална, но прекрасна Татковина!
Се додека монаштвото го глорифицираме, за жалење сме. Како може еден верник да си дозволи 15 и повеке години да биде одделен од лугето? Место да биде со нив, мегу нив, да им сведочи, да ги поучува, да биде пример во се, он се затвара во некаква си келија?! Со која цел? Еден ден да стане Епископ, Викарен незнамшто? Одете по цел свет и проповедајте, разнесувајте ја добрата вест. Тоа е Божјата волја за секој од нас.
Анѓо, арно што го благословуваш Петрета. Ама сепак дедото должи многу одговори. Меѓу другото и за дружбата со еден квазипатриот, психопат и манијак. Вклучително и за дружбата со неговата банда од малоумни зомби-патриоти.
Веројатно архиепископот пред почетокот на седницата на Синодот му поставил неколку прашања на Петрета. Меѓу другото и она од милион долари: дали Петре споделува исти погледи на свет со манијакот од апсааната во Стамбол? Или можеби ништо не го прашал…
Петар митрополитот ако не може да управува сам со 2 намесништва и 5-6 манастири, туку му требаат двајца викари, нека се повлече во магаревскиот пензионерски скит.
ПС Честито на новиот епископ со алтернативна определба
ППС Имаме 5 викари а две упразнети епархии, збогум разуме
Благословен е Бог Кој ги милува и спасува Своите избраници на кои им даде и бело камче (затоа што победуваат) напишано со ново име, кое никој не го знае освен оној кому му е дадено! Секој подвижник има своја Гетсиманија, но оној кој ги злослови незлобливите на Крстот не ќе може да ја одржи својата куќа (а не е ни племна) поставена на песок кога ќе надојдат реките искушенија што ги повикал неговиот неправеден јазик. ‘Со копје’ или “Скопје” сеедно. Копјето Ви е труло. Само благочестивиот може да стрела, сите други играат Долга магарица. Некои се закитуваа и со европски награди, па славата ги опи и го сменија однесувањето до непрепознавање. Своевремено го потрошија народното богатство на самовеличање и неуморно градење православна иконографија флертувајќи со потврдените отворени непријатели на македонскиот народ (истиот тој народ кој во неволја ги сожалил и им притекнал на помош и со години барал духовно засолниште во нивните молитви, па и го прифаќале неговото благочестиво и родољубиво народно предание) потоа понижувајќи го со срамни беседи и додворувања на земните власти на лицемерните соседи кои не штедат комплименти за возврат на таква реторика. Самите ги промовираа во јавниот виртуелен простор тие траги-комични настапи, во одлично режирани видео записи, молејќи ги непријателските политички гарнитури во Бугарија да му ја простат недоветноста на својот македонски народ, кој божем како крајно неук не знае да ја види возвишената намера на надворешните мешетари. Ги збогатуваа своите конаци и библиотеки меѓу другото и во слободни, монашки добронамерни посети на неактивните манастири во Преспанско-Пелагониската Епархија (што е и кривично дело и канонски недозволливо дури и како посета без благослов на надлежниот Епископ) си ги присвојуваа пронајдените древни црковни книги за трезорите на својата ексклузивна библиотека, а потоа се правеа наудрени и ги отфрлаа Неговите обвиненија. Дури и цитираа извори за потребите на политичките договори за “Заедничка историја”, во посебни видео-спотови со бугарски превод, давајќи му за право на некогашниот окупатор, а денешен негатор и ревносен асимилатор, околу идејата за лажноста на македонскиот идентитет, и за “вештачката, фалсификувана природа” на македонската историја и вековна револуционерна борба. Значи, ако тргнеме да зборуваме за некаква црковна политика и комбинации со граѓански организации и здруженија клопчето ќе не’ одведе на разни страни – но што има во тоа? Каде ќе го пронајдеме “гревот” на Дедо Петар? А каде на наивните поттикнувачи на Шарената “револуција” кои не ја разбраа улогата на Црквата во општеството и своевремено пионерски се впуштија во опасна авантура која отвори страшни рани во македонското општество, кои треба само да ги исцелиме. А без благодатта Божја тоа никако не е можно. Злите јазици благодатта не ги интересира. И тие никако не можат да помогнат никому. Слава на Бога за Неговата Неискажлива Премудрост и сила, вткаена во суштината на личните и соборни подвизи на сите Епископи на Македонската Православна Црква (особено на оние што Го прославија Името Христово во време кога многумина од нас не беа ни родени и Православието го сметаа за глупост). Тие одамна проживеаа една долга и тешка Голгота, невкусно е да ги распнуваме без никаква потреба ние за кои на македонско тло ги виеја ластарите на коренот Есеев, додека мирно спиевме во длабокиот сон на долгодецениското едноумие. Време е за автентичен подвиг во љубов и тишина, а не за меѓусебна борба од сеедно кој политички мотив. Црквата не може да биде проститутка во амстердамски излог.
“Црквата не може да биде проститутка во амстердамски излог”. Уф уф… Споредба на подржувачите на Шарената револуција со подршката на една банда психопати, зомби-патриоти и УБИЈЦИ. Уф, уф, уф, уф … Анѓооо ти избегале коњите бранејќи нешто што не се брани.
Уште чекаме на одговор од Петрета. И ќе чекаме. НЕ ЗАБОРАВАМЕ ДРУЖБИ СО УБИЈЦИ. Петре должи многу одговори. Ако продолжи да молчи за дружбата со манијакот-убиец тогаш мрш у пензија.
“Црквата не може да биде проститутка во амстердамски излог”. Уф уф… Споредба на подржувачите на Шарената револуција со подршката на една банда психопати, зомби-патриоти и УБИЈЦИ. Уф, уф, уф, уф…
Анѓооо ти избегале коњите бранејќи нешто што не се брани.
Уште чекаме одговор од Петрета. И ќе чекаме. НЕ ЗАБОРАВАМЕ ДРУЖБИ СО УБИЈЦИ.
Петре должи многу одговори. Ако продолжи да молчи за дружбата со манијакот-убиец тогаш марш у пензија.
Што се однесува до имињата… Моето родено име дадено на Светото Крштение е навистина Ангелина, што не значи дека човек нема право да користи псевдоними. Прво би сакала да Ви се заблагодарам за малку необичниот вокатив; не се сеќавам дека некој досега ме нарекол Анѓа (а сепак е комплимент во контекст на старата македонска христијанска традиција). Се разбира, на Вашиот псевдоним гледам како на прилично претенциозен: во Скопје живеат навистина доволен број прекрасни православни подвижници и меѓу клирот и меѓу народот, за кои не покажувате никаков духовен капацитет да ги покривате, значи ни да зборувате во нивно име – секој од нив би богословел на овие теми на завидно богољубиво рамниште, врз голема молитвена подлога и бескрајно би Ве надвишил; само молчат од смирение и од сочувство кон Вашиот личен духовен пад кој го сметаат за нерелевантен за животот на Црквата како Тело Христово. И во една таква ситуација секако човек расудува на од Вас посведочениот начин, во недостаток на критична маса благодатна светлина со која може да ја согледа и спореди величината на гревот на предавството, поттикнувањето и учеството во една хибридна војна (државен удар со конечна победа на нехристијанска власт дури!) против сопствениот народ, до подвластување на странска доминантна сила со крајно сомнителни духовни ориентации и политички претензии (која патем се’ уште трае) со жртвите на меѓусебните пресметки на македонското подземје (пресметки во кои од Вас обвинуваниот Митрополит Петар нема никаква, ама никаква улога). Инаку, кога јас зборувам за проститутки во амстердамски излог немојте да мислите дека давам некоја морална квалификација (или дека не ги сакам и не ги почитувам проститутките во тој Red Light District/De Wallen). Бремето нивно не е мало ни во очите на Господ и не бадијала стаклата на тие излози се толку црвени. Нивната жртва е непојмлива за кантарот на лефтерниот човечки ум подготвен да осудува, нивните тела се отворени за сечие семе и за допирот на секој намерник кој е подготвен да плати (ужасот на својот неискажливо тежок занает се обидуваат да го надминат дистанцирајќи се од енергетскиот контакт со секаквите клиенти со разни опијати – значи мошне ретко се работи за девојки со вродени нимфомански афинитети, за нивното место во Божјиот План овде нема смисла да зборуваме). Секој кој ја љуби Црквата не би сакал да Ја види во ниедно Нејзино олицетворение на ниедна точка во вселената во таква позиција: отворена за семето и влијанието на секој намерник подготвен да плати (на овој или оној начин), заробена во црвениот, маченички излог на разнебитуваната внатрешна убавина. Со други зборови: не е светот тој кој одлучува за светоста на Црквата или за некој Нејзин член; Црквата е Таа Која го осветува светот како возглавена од Нејзината Божествена Глава, Богочовекот Исус Христос. Црквата не може да се занимава со човекоугодие и публикоугодие: ако го прави тоа престанува да биде Црква, се претвора во проститутка во амстердамски излог. Не во друг вид проститутка, туку токму во една од девојките во De Wallen. Не е проблем, бисерите може да бидат фрлени и пред свињите, ние знаеме како да им го вратиме блесокот откако ќе ги изгазат во калта и ќе ни ги фрлат назад.
Анѓице, за дефокусаџија можеш дури и “Војна и мир” да ни ја раскажеш, ама прашањето кое ја мачи целата нација е каква е оваа со дедо Петре и неговата дружба со Палчо, ситуација.
И да, за малку па ќе заборавев. Дедо Петре кога – тогаш ќе излезе пред јавноста. Затоа МАРШ у пензија (иако и тоа не го заслужува) ако има малку совест.
Јавноста ја мачат сосем други проблеми, господине ‘Со копје зариено во Вашето беспомошно срце”. Карактеристично за луѓе обземени од отровни, измамливи помисли е да не можат да се ослободат од нив до таа мера (одлична илустрација сте Вие) што мислат дека сиот свет живее во истиот црн облак во кој ги пикнал лукавиот (чие второ име е ‘клеветник’). Нема тука таква работа. И на која јавност мислите? На православните христијани ли? Луѓе подвижници имаат постојано вдахновение и сила и бездни да прескокнат и планини да прелетаат, имено на благодатен (творечки) начин расудуваат и лесно ги совладуваат искушенијата, така и си го живеат и личниот и соборниот живот. Растат, не паѓаат. Не пак да фантазираат за криминални приказни без глава и опашка за кои ни полицијата не сака да даде отчет и да ги замислуваат Епископите на својата Црква како некакви ликови во такви приказни. Ако мислите на останатиот дел од јавноста, тој нема никаков дискурс на оваа тема и не може да бара (ниту бара) ништо од кој било Митрополит на Македонската Православна Црква. Во случајов за кој упорно и сосем несолено галамите, за православните христијани во Македонија не постои ни искушение предизвикано од Владиката Петар или од кој било наш Владика. Вие ако не можете ни од својот злорад (а смешен) темен облак да излезете, за иднината ли на еден Митрополит на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија можете да одлучувате? Не можете. Нема да се обвистинат Вашите измислици ниту да се исполнат Вашите желби. Еден немоќен пироман кој сака да распламти голем оган, а не може да најде ни ефтина запалка, стои над труповите од две жртви на македонското подземје вплеткано во деструктивна предизборна политичка кампања, повторувајќи ја истата мантра: “Марш у пензија! Марш у пензија…” Великолепно, ама само за некој американски трилер. Човек треба прво да сфати од која точка стрела и колку е висока целта која сака да ја застрела. Ако се воопшто во меѓусебно комуникативни онтолошки димензии.
Анџо, џабе пишеш толку недочитливи фермани. Не поминува посакуваното дефокусирање од бараните одговори од Петрета за неговиот ујдислук со манијак – патриотот Палчо и неговата банда.
Како мачка да му го изела јазикот на дедото од Битола. Упорно молчи и мисли дека ако помине време јавноста ќе заборави на неговиот сојуз со палчовите зомби-патриоти. М(а)рш у пензија, иако и таа не ја заслужуваш.
Ако е вест изборот на Викарен Епископ на Пелагониско-Преспанскиот Митрополит, тогаш коментарите и треба да се однесуваат на тој радосен настан. Но, така е секогаш: ‘За светите се’ е свето.’ Останатите ротираат околу нивните ореоли, а ако се неопитни и бесполезно се залетуваат, може и да изгорат во пламенот на несогорливата и навидум неизгорлива Светлина. Свеќа од воскресенската благодат на Светиот Гроб секој може да држи, да и’ го допира пламенот и да не си ја изгори кожата. Но, невидливата благодат на совршените не е милостина со која можеш да си играш како што ќе ти текне. Многупати посведочено во Светото Предание, а уште почесто вкусувано од живите сведоци на крепосната борба со демоните во која малкумина дејствително учествуваат, непрестајно победувајќи, зашто имаат конкретна претстава за отстапништвото и конкретна храброст да љубат до самозаборав. Нека ни е неуморно свет и секогаш благословен новоизбраниот Епископ г. Никола многубројни плодоноснимгодини!
Анџо, ете сега Петре има викар. Повод повеќе за: М(а)рш у пензија која веројатно не ја заслужува.
Викарниот Епископ е помошен архиереј, кој има благослов да му помага на епархискиот архиереј (во случајов на Преспанско-Пелагонискиот Митрополит г. Петар). Надлежностите на Викарниот Епископ се вообичаено ограничени (кај повеќето Помесни Православни Цркви не е полноправен член на Светиот Архиерејски Синод, односно со право на одлучување, иако е разбирливо нивното мислење да се чуе по разни прашања). Вообичаено носат почесна титула од некоја историски згасната епархија, која нема врска со титулата на Епархискиот Архиереј (што може да звучи како формалност, но има самовласна семантика во начинот на мистично дејствување). Од редовите на Викарните Епископи понекогаш се избира иден Епархиски Епископ, но знаеме дека и во праксата на Македонската Православна Црква не е секогаш така. Во секој случај, тие се голем благослов за Црквата од пастирски аспект (пример ни е да речеме Епископот Јаков Стобиски), но не подразбираат практично пензионирање на Епархискиот Архиереј. Викарниот Епископ минува низ процес за подготовка и стекнување искуство за иден Епархиски Архиереј, но може да врши и друга висока функција во Помесната Црква којашто не е поврзана со конкретни епархиски активности (Московската Патријаршија на пр. има разни тела во кои дејствуваат Епископи со специфични функции кои се над-епархиски, Владиката Климент кај нас е Секретар на Светиот Архиерејски Синод итн.). Какви ќе бидат улогата и епископскиот подвиг на новоизбраниот Викарен Епископ ни претстои да видиме по Неговото востоличување. Понекогаш не е лесно да се видат однадвор најзначајните дела на еден Епископ. Знаете дека Господ гледа со едни очи, луѓето со други (колку храмови изградил, како ги организира празниците, издавачки дејности, медиумска присутност, дали има јавна добротворна мисија итн.) Нека му се многу години плоден подвиг за преуспевање на сите во Христовото сведоштво, тоа е најважно!