Јован устоличен за Митрополит Крушевско-демирхисарски

Date:

Share post:

Во присуство на двајца Владици од СПЦ, и без присуство на Архиепископот г.г. Стефан, денеска во Црквата Свети Никола во Крушево, владиката Јован беше устоличен за Митрополит Крушевско-демирхисарски.

Чинот на интронизација го изврши Митрополитот Преспанско-пелагониски, г. Петар, од чија епархија беа одвоени Крушево и Демир Хисар во нова Митрополија.

Јован денеска и прв пат отслужи Литругиај, откако се врати во МПЦ-ОА. На литургијата му сослужуваа владиците Јоаникије, Црногорско-приморски и Пахомије, Врањски од СПЦ, како и Владиците Петар, Григориј, Јоаким, Марко, Давид, Климент и Јаков од МПЦ-ОА.

Настанот има значајна симболика. На чинот на интронизација присуствуваше амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, политички претставник на државата Србија, но немаше политички претставници на државата Македонија, освен градоначалникот на Крушево.

ГАЛЕРИЈА. ТВ ХРАМ.РС

2 COMMENTS

  1. Да бевте присутен ќе знаевте дека беше присутен градоначалникот на Крушево (го читаше Символот на верата) и други претставници од локалната власг.

  2. Нека му се многу години плодно и богољубиво служење, во Слава Божја и за спасение на многумина!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...