260 години по 1762, Охридската архиепископија повторно во канонскиот поредок на Црквата предводен од Вселенската патријаршија

Date:

Share post:

Прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е последното нерешено важно национално и државно прашање чие успешно надминување неповратно ја зацврстува и ја унапредува стабилноста на нашата држава.

Одлуката на Вселенската партијаршија да ја прими наследничката на славната Охридска архиепископија во канонско единство е повеќе од историска бидејќи после толку децении конечно се признава каноничноста на нашата црква и се остваруваат вековните стремежи на православните христијани за своја признаена црква.

Со одлуката, Вселенската патријаршија уште еднаш ја покажа својата големина и историска одговорност, а личноста на патријархот Вартоломеј, пак, како и неговото наследство управувајќи ја Црквата овие децении, претставува голем благослов бидејќи оваа генерација православни христијани конечно почнаа да го сведочат чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската патријаршија. За многу години!

Пишува: Александар Спасеновски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...