Поглаварот на проруската црква во Украина застана против Путин – Оправдување за оваа војна нема, да се молиме за нашата војска што ја брани Украина

Date:

Share post:

Поглаварот на Украинската православна црква – Московска патријаршија, Киевскиот митрополит Онуфриј го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја сопре војната застанувајќи во одбрана на територијалниот интегритет и целовитост на Украина/

-Како поглавар на Украинската православна црква се обраќам до сите граѓани на Украина. Се случи катастрофа. На голема жалост Русија почна воени дејствија против Украина и во ова содбоносно време ве повикувам да не потпаднете на паниката, да бидете мажествени и да пројавите љубов кон својата татковина е едни кон другу. Пред се ве повикувам за покајна молитва кон Украина, за нашата војска и нашиот народ. Ве замолувам да ги заборавите меѓусебните расправии и недоразборања и да се обединиме со љубов кон Бога за нашата татковина, вели Онуфриј во своето обраќање.

Тој потенцира дека во ова трагично време потребна е љубов и подршка на украинската војска, која се обидува да ја заштити земјата и народот.

-Поддржувајќи го суверенитетот и целовитоста на Украина, се обраќаме до претседателот на Русија и го молиме веднаш да ја сопре братоубиствената војна. Украинскиот и рускиот народ се излезени од Крштението на Днепар и војна меѓу тие народи е повторување на гревот на Каин, кој од завист го уби својот роден брат. Таквата војна нема оправдување нити во Бога, ниту во луѓето, вели Онуфриј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img