Почетна Вести Европа За рускиот патријарх Кирил во Украина нема војна, туку „настани што се случија“
За рускиот патријарх Кирил во Украина нема војна, туку „настани што се случија“

За рускиот патријарх Кирил во Украина нема војна, туку „настани што се случија“

327
0

И Рускиот патријарх Кирил, конечно на крајот од дено се појави со став за руската инвазија врз Украина, но за разлика од Киевскиот митрополит Онуфриј, тој во својето обраќање не го користи ниту зборот војна, или воени дејствија, туку зборува за „настаните кои се случија“. Неговиот повик е да се избегнат жртви меѓу „мирните жители„.

Еве што вели Патријархот Кирил за руската агресија.

-Со длабока и срдечна болка ги восприемам страдањата на луѓето, предизвикани од настаните што се случија. Како Патријарх на цела Русија и Претстојател на Црквата, паствата што се наоѓа во Русија, во Украина и во другите земји, длабоко сочувствувам со сите, коишто западнаа во неволја. Руските и украинските народи имаат заедничка многувековна историја, започнувајќи од Крштението на Русија од светиот рамноапостолен кнез Владимир. Верувам дека тоа од Бога дарувано заедничко ќе помогне да се преодолее создадената поделба и противречност, кои доведоа до сегашниот конфликт. Семилостивиот Господ по застапништвото на Пречистата Владичица наша Богородица и на сите светии да го сочуваат рускиот, украинскиот и другите народи, коишто духовно ги обединува нашата Црква!, пишува Рускиот  патријарх Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *