Синодот на Српската православна црква (СПЦ) испрати писмо до епископите со кое им забранува „вмешување во световите работи“, а истовремено им забранува поддржување на политички партии и на политичари, објавија српските медиуми.
-Посебно да се има на знаење дека е недопустливо какво било учество во политички активности, давање на јавни изјави во корист или на штета на поедини политички партии или кандидати во изборни процеси и надвор од нив, пишува во писмото, со кое согласен е и Патријархот Порфириј.
Како што објевуваат медиумите, на овој начин практично се гледа дека постои страв од тоа одредени епископи да ја поддржат опозицијата.

