Црвен тепих за хуманоста низ плоштадите во Македонија – подари за оние на кои им е потребно

Date:

Share post:

Втора година по ред, Бадниковите поворки на радост коишто вообичаено вклучуваат директно учество на неколку илјади деца, ќе бидат заменети со големи хуманитарни акции низ плоштадите во Македонија.

Идејата е насловена „црвен тепих на хуманоста“ и лесно е препознатлива по Божиќна пештера која е поставена на плоштадите.

-За жал, пандемиските услови налагаат да се воздржиме од поголемо групирање и на секој можен начин да се потрудиме да го заштитиме здравјето на најмалите и најмилите. Затоа Божикната радост, љубов, топлина и добрина во целиот претпразничен период и за време на Бадник и Божик, ќе ги шириме во вид на грижа за нашите сограѓани коишто се погодени од кризата и имаат егзистенцијални проблеми, велат огранизаторите.

Акцијата трае од 28.12.2021 до 05.01.2022 на плоштадите и други фрекфентни места низ речиси сите градови во Македонија.

-Поставен покрај Божикната пештера, со црвениот тепих, симболично ќе ја истакнеме потребата за помош на ближните како наша најголема христијанска должност, а наши ѕвезди на црвениот тепих, ќе бидат сите хумани граѓани, фирми, организации, здруженија, велат од организаторите.

За оние кои ќе сакаат да подарат, особено важно е да знаат дека се собира исклучиво нерасиплива храна, тоа подразбира храна која не подготвена, туку производи кои служат за подготовка на храна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here