Обама од џамијата во Балтимор: Не за анти-муслиманската реторика

Date:

Share post:

Американскиот претседател Барак Обама предупреди на зголемената анти-муслиманска реторика во САД и побара од муслиманските лидери да се заложат против екстремистичките толкувања на Исламот.

Зборувајќи за време на неговата посета на Исламската заедница во Балтимор, Обама изјави дека треба да се отфрли политиката која манипулира со предрасуди врз верска основа.

Ова беше прва посета на Обама на една џамија во САД, за време на досегашниот негов седумгодишен мандат

Обама ја посети џамијата на Исламското друштво од Балтимор каде што разговараше со лидерите на заедниците. Белата куќа соопшти дека посетата на Обама се случува во време кога антиисламската реторика влезе во изборната кампања за претседателските избори.

Исламското друштво во Балтимор е една од најголемите муслимански организации во САД. Друштвото поврзува илјадници семејства од турско потекло, но има и имигранти од други националности

-Ова е можност да се испрати јасен сигнал до муслимаско-американската заедница дека претседателот на САД цврсто ќе го брани вашето право во оваа земја да му служите на Бог согласно со вашата традиција и наследство, изјавил секретарот за прес на Белата куќа, Џош Ернест во вторникот.

Обама претходно има посетено џамии за време на неговите патувања во странство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...