Претседателот на Собранието Талат Џафери го честита почеток на светиот месец Рамазан на припадниците на исламската вероисповед. Тој во честитката изразува жалење што и овој Рамазан продолжуваат препораките за заштита од Ковид-19, што го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец.
-Почитувани сограѓани, и овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот КОВИД-19 и знам дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја. Нека е честит почетокот на Рамазан, нека е со лесно и нека е во топлиот семеен круг, во мир и благосостојба, порачува во честитката претседателот на Собранието.