Владимир Путин во посета на Света Гора?

Date:

Share post:

Постои ли можност рускиот Претстедател, Владимир  Путин во мај да отпатува во посета на Света Гора? Ова е прашањето за кое изминатиов период има голем број шпекулации во руската јавност, но нема никаков потврден одговор од „Кремаљ“.

Причината поради која Путин би можел да отпатува на Света Гора, на Атос во Грција е одбележувањето на 1000 години од населувањето на првите руски монаси на Света Гора.

Официјалните информации од Москва велат дека не постојат подготовки за евентуално патување на Путин во Русија. Но, сепак поради меѓународните политички состојби, особено во реалациите со Турција, сосема јасно е дека „Кремаљ“  пет месеци порано не би ја потврдил таквата информација.

Сепак, настанот што во мај 2016 година треба да се случува на Света Гора е во целосна организација на руската држава.

Путин лично ја оформил и работната група која треба да ги направи сите подготовки за одбележувањето на 1000 годиишнината од рускиот јазик присутен на Света Гора.

Претставници на руската Влада се во секојдневни контакти со претставниците на грчката Влада, како и со претставници на Светата заедница на монасите од манастирите.

Лично ополномоштениот претставник на Владимир Путин, за руските медиуми изјавил дека во фаза на реалзиација е и проектот за обнова на манастирот „Пантелејмон“, посочувајќи дека тоа се прави во целосна координација со монашките преданија на Света Гора.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img