Бадник во Црна Гора ги подели верниците на црногорската и српската православна црква.
Полицијата ги обезбедува двата собира. Протестите во деновите на Бадник и Божик се откажани.
Црногорскиот премиер Марковиќ во божикната честитка порача дека новиот закон за вероисповед треба да биде основа за поврзување на верските заедници, а не за поделби.
Прославата на Бадник е проблематична и на Косово.
Во Ѓаковица, Албанците протестираа пред црквата против собирањето на српските верници, кои пак самите го откажаа доаѓањето.

