Руската црква му се закани на грчкиот Архиепископ

Date:

Share post:

Синодот на Руската православна црква одлучи да прекине да го споменува името на атинскиот архиепископ Јероним во литургиите и да го исфрли од диптихот на РПЦ, доколку тој почне да го споменува името на митрополитот Епифаниј од автокефалната православна црква на Украина и доколку презеде чекор на формално признавање на ПЦУ. Ова е клучната одлука од денешната вонредна седница на Синодот на РПЦ.

Руската црква заклучила дека одлуката на ГПЦ од викендов не е официјално признавање на црквата во Украина и затоа не донел порадикални одлуки, но сепак оваа одлука може да се толкува како предупредување кон атинскиот архиепископ Јероним.

Руските владици ги негираат пишувањата во медиумите за признавање на ПЦУ од страна на грчката црква, посочувајќи дека во ГПЦ не постои единство за тоа прашање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here