Џафери им го честита Рамазан Бајрам на верниците со исламска вероисповед

Date:

Share post:

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на исламската вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. По завршувањето на триесетдневниот рамазански пост, месец посветен на милоста, љубовта и простувањето, го дочекавме и големиот празник Рамазан Бајрам, наведува Џафери во честитката.

Празниците, стои во честитката, се посебни денови кои носат во себе посебна убавина, ја охрабруваат меѓусебната почит, ја зголемуваат радоста и убавината на животот, споделувањето со семејството, со ближните и со сите околу нас.

– Како човечки битија, благословени сме со сите човечки вредности и особини кои ни овозможуваат да го споделиме со сите она што можеме и знаеме и затоа ви посакувам во овие празнични денови да споделите колку можете со сите кои ве опкружуваат. Тоа ќе не исполни со убава и позитивна енергија, ќе не направи подобри луѓе, за нас самите, за нашите блиски и за нашата држава. Ви посакувам низ животот да ве води добрата мисла и взаемна почит а домовите да ви бидат исполнети со радост и смеа, благосостојба, напредок и успех на секое животно поле, вели Џафери, посакувајќи убави празнични денови исполнети со спокој и радост.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...