Премиерот Зоран Заев утре ќе биде во Струга, каде ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Според соопштението на владината прес служба, Премиерот Заев ќе присуствува на чинот на спуштање на крстот и осветување на водите во реката Црн Дрим. Настанот е со почеток од 11.00 часот.

