150 верници ќе скокнат по крстот во вардар

Date:

Share post:

Сто и педесет луѓе утре ќе учествуваат во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираше Скопската епархија. Пријавувањето беше од 10-ти до 17 јануари.

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде утре напладне од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Претходно, во 9 часот, архиепископот г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

/Нова Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...