КОВЗ: Македонија покажува цврста вера и стремеж за општество на почит

Date:

Share post:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, целото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

– Празникот Рождество Христово-Божик е најсветлиот празник, остварување на божјиот завет за спасение на целото човештво и симбол на еден нов почеток, со кој започнува живот втемелен на заедништво, љубов и почит кон другиот. Денес, Македонија покажува цврста вера и силен стремеж во изградбата на општество втемелено на почит на различностите, религијата и правото на вероисповед кои се составен дел и на европските и светските вредности и приоритети, се вели во честитката.

Затоа, се наведува во честитката, е важно да бидеме сите обединети, да ја почувствуваме истата онаа радост и надеж која на денешен ден, со раѓањето Христово, ги осветли срцата на сите луѓе во светот.

– Преку единство, низ дијалог, со силна вера и меѓусебно почитување, да ги надминеме сите сегашни и идни предизвици и на празникот Божик прво да го изградиме мирот во себеси, а потоа тој мир и таа љубов да ги споделиме со другиот. Празничното божиќно чувство да ни биде патоказ во животот, наша гордост и достоинство како народ кој мирољубиво чекори во создавањето на едно слободно и праведно општество. Во духот на православието, овие празнични денови нека внесат мир во секое срце, во секој дом топлина, радост во душата, и нека бидат поттик за зацврстување на единството и почитувањето меѓу сите луѓе, стои во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Зелински одобри санкции за 11 новинари за ширење руска црковна пропаганда

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одобри одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за воведување санкции врз 11...

Патријархот Порфириј предводеше годишна панихида за жртвите од несреќата во Нови Сад

Во присуство на неколку илјади верници, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и високи државни...

Архиепископот Елпидофор: Технолошкото цунами нè повикува да ја зајакнеме Арката на спасението

На богословско-научна конференција во Бруклин, САД, посветена на темата „Дали божественото и дигиталното се пресекуваат?“, Архиепископот на Америка...

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...