Непознат напаѓач убил 17 верници кои присуствувале на црковна служба во јужниот дел од Нигерија, изјавија официјални лица.
Лидерот на локалната заедница, Оси Олиса, рече дека напаѓачот пукал и кон луѓе на улица, пред да избега.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот во нигериската сојузна држава Риверс, а официјалните лица се сомневаат дека зад нападот стои вооружена група која во таа област има извршено повеќе убиства и киднапирања.
Нападите со огнено оружје се чести во областа на делтата на реката Нигер, позната по производството на нафта, каде што различни екстремистички групи напаѓаат мултинационални компании, барајќи процент од производство.
/МАКФАКС