Почетна Вести Свет При напад во црква во Нигерија загинаа 17 верници
При напад во црква во Нигерија загинаа 17 верници

При напад во црква во Нигерија загинаа 17 верници

46
0

Непознат напаѓач убил 17 верници кои присуствувале на црковна служба во јужниот дел од Нигерија, изјавија официјални лица.

Лидерот на локалната заедница, Оси Олиса, рече дека напаѓачот пукал и кон луѓе на улица, пред да избега.

Ниту една група не презеде одговорност за нападот во нигериската сојузна држава Риверс, а официјалните лица се сомневаат дека зад нападот стои вооружена група која во таа област има извршено повеќе убиства и киднапирања.

Нападите со огнено оружје се чести во областа на делтата на реката Нигер, позната по производството на нафта, каде што различни екстремистички групи напаѓаат мултинационални компании, барајќи процент од производство.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *