Архиереите на МПЦ-ОА се уште молчат и јавно не го коментираат потегот да побараат признавање на автокефалноста од Бугарската Православна црква.
Меѓу ретките и тоа индиректни коментари повразни на оваат тема е последниот фејсбук статус на владиката г. Пимен. Еве што напиша отец Пимен на се почестите коментари во јавноста.
-Ќе се рашеташ низ епархија и ќе сретнеш и луѓе што мислат дека ја разбираат политиката до толку што веруваат дека ситуацијата отишла до таму што наскоро во нашите цркви ќе служат бугарски свештеници на албански јазик. Ама нема лутење така разбрале, така веруваат.
Да ни се живи и здрави!, напиша отец Пимен на фејсбук.

