Владиката Наум: Ако бугарската црква ја признае МПЦ-ОА, има историска шанса да стане мајка црква

Date:

Share post:

Синодот на Македонската православна црква – ОА испратил писмо до бугарскиот синод во кое изразува подготвеност БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Ова го откри владиката г. Наум  во интервју за бугарската телевизија БТВ и на тој начин отворајќи една нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА.

-Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти “, категоричен е митрополитот Наум.

Оваа изјава на Струмичкиот Митрополит ги потврдува се почестите информации во јавноста дека Синодот на МПЦ во последно време размислува признавањето на својата автокефалност да го бара по друг пат.

„Религија.мк“ дознава дека сигналите кои во последно време доаѓаат од црковен Белград  не даваат никакви надежи дека во скоро време може воопшто да се случи обновување на разговорите меѓу двете цркви. Од друга страна пак, потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје, фрла едно ново светло во релациите меѓу двете држави и момент на градење пријателство.

Инкау, владиката Наум во интервјуто зборува и за блискоста на Македонија со поранешната Егзархија, денеска Бугарска Патријаршија, што е уште еден момент во градењето нови релации со БПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...