Можноста за промена на полот ги скара државата и грчката црква

Date:

Share post:

Нова кавга меѓу Грчката Православна Црквата и владата во Грција, овој пат поради нацрт закон за родовиот идентит, односно можноста секој кој сака да може да си го смени полот, објавуваат денеска грчките весници.

По бурна седница, Светиот синод на православната црква ја повика Владата да го повлече нацрт-законот и да се позанимава со посериозни теми. Весникот „Катимерини“ го оквалификува тој повик како нова криза во односите меѓу црквата и владата, откако пред неколку месеци двете институции влегоа во спор околу изучувањето на предметот религија во школите.

Синодот смета дека предложениот нацрт закон ја „уништува светата институција семејство“. Грчките свештеници ги повикуваат политичарите да бидат одговорни и да ги надминат политичките пристрасности. Изданието „Прото тема“ наведува дека нацрт законот поминал на парламентарна комисија и дека членовите се произнеле во поддршка на проектот за смена на полот од 15-годишна возраст. Спорниот нацрт-закон е на пат да влезе во расправа во парламентот, но „ударите“ врз него се од сите страни, наведуваат весниците.

Предложената законска можност за менување на полот го критикуваше и Светогорската управа, која пред извесно време му забрани посета на премиереот Алексис Ципрас. Аналитичари не исклучуваат спорот да нанесе сериозен политички удар на владејачката левица „Сириза“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...