ИВАНОВ: Почит место толеранција

Date:

Share post:

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов од Истанбул, каде зборувал на Форумот за глобално лидерство 2017, во организација на Универзитетот Бахчешехир, ја посоил потребта „толеранцијата да се замени со меѓусебна почит“

Иванов, на гала програмата на Глобалниот лидерски форум 2017 нагласил дека „во текот на Османлискиот период различни вери, различни јазици и раси со векови живееле заедно, но дека тоа Европјаните се уште не го сфатиле”.

Во своето излагање, претседателот Иванов нагласи дека денеска постои пишана трага за последните три илјади години од историјата на човештвото и дека 2.700 години од тоа поминале во војни.

-Светот во глобална смисла во мир живеел 300 години. Тука сме соочени со еден парадокс. Можеме да видиме дека најдолгите години на мирот се забележани на Балканот, Кафказот и на Блискиот Исток. Денес ако на некој претставник на ЕУ му спомнете за Балканот, Кафказот или пак Блискиот Исток, тие ќе се наежат. Особено не разбираат дека мирот постоел долги годни во тие региони. Кога Кафказот, Блискиот Исток и Балканот поседуваа отворен простор, кога не беа разделени со граници, тука се едуцираа лица со отворен ум, без пресуди. Во ваква средина луѓето треба да веруваат во една независна и праведна моќ. Во историјата може да се забележи ‘Pax Romana’, значи Римски мир. Потоа заедно со Османлискиот период започна и Османлискиот мир“ истакна претседателот Иванов.

МЕЃУСЕБНАТА ПОЧИТ Е МНОГУ ПОВИСОКО РАЗБИРАЊЕ ОД ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Иванов истакнал дека некои околности го гледаат светот низ призма од 19. и 20 век, и рече дека проблемите не можат да се решат на овој начин. Претседателот на Македонија во својот говор наглсил дека желбите и очекувањето на сите се во корист на европскиот мир.

-Протестантите и католиците во Западна Европа по долгогодишното војување склучија мир и преминаа на секуларизам, а верата ја затворија во една посебна рамка. Со тоа настана еден поглед наречен толеранција, кој претставува ставање на верата во посебна рамка. Толеранција во смисла: иако не ве сакам, јас ќе ве трпам. На Блискиот исток, Кафказ и на Балканот нема ваков обичај. Кај нас постои филозофијата на меѓусебно почитување. Поради тоа припадниците на различни вери и јазици со векови успеале да живеат заедно. Меѓусебното почитување е многу посвето и повозвишено од толеранцијата на Западот. Затоа со векови Христијаните, Муслиманите и Евреите живееле со меѓусебна почит. Во Османлискиот период тоа се нарекуваше народен систем (Милет систем) “, нагласил претседателот Иванов.

/А.А.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here