Илјадници луѓе ја пречекаа иконата од Света Гора со најмасовната струмичка литија

Date:

Share post:

Чудотворната икона на Богородица Скоропослушница пристигна во Струмица. Во чест на големиот настан од страна на Струмичката епархија беше организиран голем побожен пречек на кој присуствуваа неколку илјади верници од целата држава.

Litija strumica 17Иконата на Богородица Скоропослушница е копија на нејзиниот оригинал кој што се чува во светата обител на Светите Архангели, односно манастирот Дохијар на Света Гора.

Струмица ја добива како подарок и  по иницијатива на братството од манастирот и со благослов на старецот на манастирот високопреподобниот отец Григориј.

Litija strumica 15За верниците кои дојдоа да је пречекаат иконата, нејзиното доаѓање во Струмица претставува голем настан и голема радост, не само за Струмица туку за сите верници во Македонија.

После побожниот пречек со благослов на Митрополитот Струмички господин Наум беше формирана свечена литија.

Litija strumica 1Литијата на чело со иконата, владиците, монаштвото и свештениците и народот  низ централните улици на Струмица се упати кон храмот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици каде што ќе биде вечниот престој на иконата.

Таму таа  ќе биде изложена на поклонување и на целивање на верниот народ.

1 COMMENT

  1. Прекрасни се Твоите тајни Пресвета Богородице, зашто Ти на чудесен начин им се јавуваш на сите оние кои те почитуваат и искрено те љубат. На чудесен начин ни дојде и кај нас во нашата мила татковина, кои верните чеда во неа искрено те љубат. Да Му благодариме на највозвишениот и најславен наш Создател Господ Исус Христос Кој благоволи да ја имаме прекрасната икона на прекрасната и полна со благодат и добродетели Божја Мајка и наша Мајка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...

Тешка финансиска криза во Православната црква во Чешка: свештениците без плати, без осигурување и пред ризик од губење на црковните права

Православната црква во Чешка се соочува со најтешката финансиска криза во својата поновa историја. Според истражување на чешкиот...