Г. Тимотеј одржа успешно епархиско собрание во Австралија

Date:

Share post:

Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј на 11.01.2017 година, во просториите на „Шелдон ресепшн“ во Мелбурн, Австралија одржа редовно Генерално собрание на Австралиско-сиднејската епархија на кое биле разгледани повеќе прашања од животот на Епархијата.

Timotej1На собранието прво се усвоил Извештајот за двегодишното работење (2015-2016) на Митрополитот Тимотеј во Австралиско-сиднејската епархија. Потоа бил разгледан и усвоен финансовиот извештај на благајникот на Епархијата, а се пристапило и кон усогласување на ставовите на Синодот на МПЦ-ОА и Епархиското собрание за Статутот на Австралиско-сиднејската епархија, со што се овозможува регистрирање на Епархијата во Австралија.

Биле реизбрани и членовите на Епархискиот управен одбор со мандат за уште две години, а се избрале и делегати за Архиепископски црковно-народен собор. Делегатите на собранието искажале искрено добредојде на црквата „Св. Петка” од Рокдејл, како црква и управа, кои најмногу претрпеле одделни непријатности во изминатиот период. Искажале и искрена благодарност и за храброто решение на црквата „Св. Ѓорѓи и Прес. Богородица” од Епинг, за целосно вклучување во редовите на МПЦ-ОА, со назначувањето на легитимен свештеник, во лицето на свештеникот Климент Станковски.

Делегатите избрале и просветен одбор, кој ќе се грижи околу просветната и издавачката дејност на Епархијата, а за доброто на Македонците во Австралија.

Делегатите посветиле сериозно внимание и на состојбата во црквата „Св. Недела” во Голд Кост, која се сретнува со економски проблеми, која има малку членови.

На собранието присуствувале делегати од 11 цркви, кои се под надлежност на Митрополитот Тимотеј, како:
• „Пресв. Богородица” Мелбурн
• „Св. Ѓорѓи и Прес. Богородица” Епинг, Мелбурн
• „Св. Јован Крстител” Џилонг
• „Св. Никола” Кабрамата
• „Св. Димитриј”, Волонгонг
• „Св. Петка”, Рокдејл
• „Св. Илија”, Квинбијан
• „Св. Климент”, Канбера
• „Св. Никола”, Перт
• „Св. Наум Охридски”, Аделаид и
• „Св. Недела”, Голд Кост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...