Ограбени две цркви во Маврово

Date:

Share post:

Непознати сторители, ги ограбиле црквите Св. Никола во селото Маврово и Св. Кирил и Методиј во Маврови Анови и ги однеле доброволните прилози на верниците.

crkva-sveti-nikola-mavrovoСпоред СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, тешките кражби најверојатно се случиле во периодот од полноќ, па до утрово на речиси идентичен начин. Во објектите е влезено со кршење на катинарите на влезните врати, а потоа биле разбени и кутиите во кои се собираат парични прилози.

Од првичните сознанија, од црквата Св. Никола украдени се околу 7.000 денари и педесетина евра, а од Св. Кирил и Методиј околу 7.000 денари.

По увидот, најдени се траги кои се предадени на вештачење, а полицијата трага по сторителите.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Зелински одобри санкции за 11 новинари за ширење руска црковна пропаганда

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одобри одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за воведување санкции врз 11...

Патријархот Порфириј предводеше годишна панихида за жртвите од несреќата во Нови Сад

Во присуство на неколку илјади верници, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и високи државни...

Архиепископот Елпидофор: Технолошкото цунами нè повикува да ја зајакнеме Арката на спасението

На богословско-научна конференција во Бруклин, САД, посветена на темата „Дали божественото и дигиталното се пресекуваат?“, Архиепископот на Америка...

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...