Почетна Анализа ДНЕВНИК: Во 1 и 2 век Божик не се одбележувал, од 200 година се лицитира со датум
ДНЕВНИК: Во 1 и 2 век Божик не се одбележувал, од 200 година се лицитира со датум

ДНЕВНИК: Во 1 и 2 век Божик не се одбележувал, од 200 година се лицитира со датум

74
0

На 25 декември католиците во светот се собраа за да го прослават раѓањето на Исус. Весели песни, специјални литургии, подароци, празнична храна… беа дел од празничниот ден, барем на западната хемисфера. Но, од каде е потеклото на славењето на Божик? Kако датумот 25 декември станал поврзан со роденденот на Исус?

Славењето на раѓањето на Исус не се споменува во евангелијата, датумот не се наведува, а ниту годишното време. Споменувањето на овчарите што ги водат нивните стада ноќе кога ќе слушнат за раѓањето на Исус (Лука 2:8), може да сугерира на летната сезона на јагнење. Од друга страна, во декември овците веќе биле во трлата, затворени.

Сепак, многу научници повикуваат на внимание со извлекувањето на толку прецизен детаљ од раскажување чија цел е теолошка, а не календарска, пишува Ендрју Мекгован, австралиски научник за раното христијанство.

ОСКУДНИ ДОКАЗИ

Доказите надвор од Библијата од првиот и од вториот век се еднакво оскудни: никаде не се споменува славењето на раѓањето во пишувањата на Иринеј или Тертулијан. Ориген од Александрија оди толку далеку што се подбива со римските прослави на раѓањето, отфрлајќи ги како пагански практики, што е силна индикација дека раѓањето на Исус не било обележано со слични славења на тоа место и во тоа време. Може да се каже дека Божик воопшто не се славел во тој момент. Мисијата и чудата на Исус често буделе голем интерес кај писателите во првиот и вториот век од новата ера, но не и неговото раѓање. Но, со текот на времето, потеклото на Исус станало поголем предмет на интерес.

bozik-slika-2Во најраните записи и евангелија, на пример, оние на Павле и на Марко, не се споменува раѓањето на Исус. Евангелијата на Матеј и на Лука нудат познати, но мошне различни податоци за тој настан, иако ниту едно не одредува датум. Во вториот век од новата ера дополнителни детали за раѓањето и за детството на Исус се изнесени во апокрифни пишувања како што е Евангелието за детството на Тома и Протоевангелието на Јаков. Овие текстови имаат се, од имињата на дедовците и бабите на Исус до детали за неговото образование, но не и датумот на раѓање. Kонечно, околу 200 година од новата ера, христијански наставник во Египет го споменува датумот кога бил роден Исус.

Според Kлемент од Александрија, неколку христијански групи предложиле неколку различни денови. Kлемент воопшто не го споменува 25 декември.

-Има такви што ја одредиле не само годината на раѓањето на нашиот господар, туку и денот и тие велат дека тоа се случило во 28-та година на Август (римски император, н.з.) и на 20 мај. Некои велат дека се случило во 16-та година на Тибериј, на 21 март, а други на 21 април. Понатаму, некои велат дека тој бил роден на 24 или 25 април – наведува Kлемент.

Јасно е дека имало голема несигурност, но и дека кон крајот на вториот век имало голем интерес за одредување на датумот кога се родил Исус. Сепак, до четвртиот век се споменуваат два датума кои се широко признати и сега се слават како роденден на Исус: 25 декември во Западната Римска Империја и 7 јануари во Источната. И ден- денес некои христијани го слават Божик на 7, додека други на 25 декември, а 6 јануари станал познат како Богојавление.

Најраното споменување на 25 декември како ден кога се родил Исус е во Римскиот алманах од средината на четвртиот век во кој се наведени датумите кога починале неколку христијански бискупи и маченици. За 25 декември е забележано: Христос беше роден во Витлеем. На Истокот, 6 јануари бил поврзан со целата божикна приказна. Полесно ќе се шири ако се поклопи со паганските фестивали Според Мекгован, има две теории за утврдувањето на 25 декември и 7 јануари за денови кога се родил Исус.

Најпознатата теорија за потеклото на датумите за славење на Божик е дека е позајмен од пагански прослави. Римјаните го славеле својот фестивал Сатурналија кон крајот на декември. Варварите од Северна и Западна Европа ги славеле празниците во слични периоди. Во 274 година римскиот император Аврелијан установил славење на раѓањето на Непобедениот син на 25 декември. Има тврдења дека Божик е нуспроизвод на тие пагански фестивали.

Според оваа теорија, раните христијани намерно ги избрале тие датуми за да го охрабрат ширењето на Божик и христијанството во римскиот свет. Имено, ако Божик изгледал како пагански празник, повеќе пагани би биле поотворени за празникот и за богот чие раѓање се славело. Првите сугестии дека раѓањето на Исус намерно почнало да се слави за време на паганските славења, се од 12 век. Во забелешка на маргините на ракопис на Дионисиус бар-Салиби, сириски библиски коментатор, стои дека во стари времиња Божик всушност бил префрлен од 6 јануари на 25 декември за да се поклопи со паганските празници. Уште еден доказ во прилог на тоа тврдење е писмото на папата Грегориј Први до христијански мисионер во Британија, кој во 601 година препорачал локалните пагански храмови да не бидат уништени, туку претворени во цркви и паганските фестивали да се слават како празници на христијанските маченици. Но, нема докази дека христијаните присвојувале пагански славења во третиот век, кога всушност биле воспоставени датумите за славење на Божик.

На крајот сепак прашањето останува отворено и не може со сигурност да се каже зошто Божик се слави на 25 декември и на 7 јануари.

ДЕНОТ НА ЗАЧНУВАЊЕТО ГО ОДРЕДУВА И БОЖИК

Има и друга теорија за славењето на Божик токму на 25 декември, а таа вели дека клучот можеби е во датумот на смртта на Исус на Пасха.

Во 200 година од новата ера, Тертулијан истакнал дека сметањето на 14 нисан (денот кога според евангелието на Јован бил распнат Исус) во годината кога починал Исус, е еквивалент на 25 март во соларниот календар, а 25 март е девет месеци пред 25 декември и подоцна е признат како Благовец. Така, се верувало дека Исус бил зачнат и распнат на истиот ден. Девет месеци подоцна, на 25 декември се родил Исус.

Истото го има и на Истокот, само тука во игра се 6 април и 6 јануари. На многу икони на кои се прикажува зачнувањето на Исус, се прикажува како бебето се симнува од рајот на или со мал крст, потсетник дека зачнувањето носи ветување за спас преку смртта на Исус.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *