И овој Божик, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, Владиката Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства во Прилеп.
Доделени се 90 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители.
Вкупната сума(во пакети и пари) која била распределена изнесува околу 200.000 денари.
-Им благодариме на сите хумани луѓе, кои дадоа свој скромен прилог во кутиите за донации за сиромашните семејства, кои беа поставени низ прилепските цркви, како и до сите фирми и стопанственици, кои ја потпомогнаа оваа Божикна хуманитарна акција. Нашите хуманитарци вредни како мравки, за само час и половина ги спремија Божикните пакети полни со храна и средства за хигиена, точно 90 на број, велат организаторите од црквата „Свето Благовештение“.
Само 24 прегледи…
Ajde Lajkaci!
Pa neli toa vi smetase?