Верски календар: 30 Октомври
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Марцел.
Бил офицер на Римската војска за време на царот Диоклецијан. На 21 јули 298 година сите војници морале да искажат почест пред статуите на царевите Диоклецијан, Максимијан, Костанца и Галерие, кои се сметале за синови на боговите Јупитер и Херкул. Свети Марцел го соблекол официрското дело и се одрекол од офицерската служба велејќи: “Јас сум христијанин и не им се поклонувам на царевите, како на богови, туку за Господ го признавам Исус Христос, синот на Господ, Семожниот”. Тој бил измачуван и убиен. На Марцел, му се молат официрите и другите верници за помош, за зачувување на христијанската вера, како и истрајност во неа.