Почетна Празници Денеска е еврејска нова година
Денеска е еврејска нова година

Денеска е еврејска нова година

58
0

Верски календар: 3 Октомври

ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА/ Рош ашана – Еврејска нова година

evrejskaСпоред усната традиција, Рош ашана (ראש השנה) („почетокот на годината“) е ден за сеќавање или потсетување (יום הזכרון, Јом хацикарон) и ден за судење (יום הדין, Јом Хадин). Господ се појавува во улога на крал, при што ги потсетува и суди сите личности според нивните дела, и објавува декрет за секоја личност за следната година.

Празникот е одбележан со една одредена мицва: при што се дува во шофарот. Според Тората, ова е првиот ден од седмиот месец на календарската година и го означува почетокот на десетдневниот период кој води до Јом кипур. Според едно од двете Талмудски мислења, создавањето на светот било завршено на на Рош ашана.

Утринските молитви се долги за време на Рош ашана и се фокусираат на тематиките опишани погоре: величество и судење, потсетување, раѓањето на светот, и дувањето на шофарот. Ашкеназите рецитираат кратки ташлих молитвите, симболично отфрлаат гревовите од претходната година за време на попладнето на Рош ашана.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *