Црковни камбани биеја за ослободувањето на првиот христијански град во Ирак

Date:

Share post:

Ирачките воени сили со биење на црковни камбани и поставување на импровизиран крст го прославија ослободувањето на ирачкиот град Бартала кој беше цели две години под окупација на исламистите од ИСИЛ.

11111Целиот настан во репортажа го опишува француската телевизија „24Франс“. Полковникот на копнените ирачки сили, Ријад Џалал, изјавил дека освен Бартала ослободен е и уште еден град во Ирак, кој се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од Мосул.

За време на борбите за ослободување на градот Бартала, загинаа повеќе од 200 борци на ИСИЛ.

Во репортажата особено трогателен е моментот кога ирачките војници, откако го ослободија градот, весело ги удираа камбаните и поставија импровизиран дрвен крст на куполата од црквата.

Погледнете го трогателното видео:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img